Конфликти, тепање, затворски казни, возење во пијана состојба,… сето тоа е поврзано со тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер, а последен во низата инцидени е оној со актерот Орландо Блум и тоа околу убавата Миранда Кер.
Тие двајца се скарале во еден ресторан на Ибици, а наводно имало и тепање или барем туркање. После таа случка, Бибер на неговиот Инстаграм објави секси фотографија на Миранда, која многу брзо ја избриша. Но, тоа не е крај.
После неколку часа објави и фотографија од Орландо како си ги брише солзите
– Поздрави ја Миранда од мене, на крајот на инцидентот му довикнал на Орландо и со тоа уште повеќе ги поттикна гласините дека меѓу нив навистина имало нешто.
Орландо Блун се уште не се изјасни после инцидентот.