ВИДЕО: Свинска коленица „Филип Втори“ и предјадење „Александар Македонски“ на бродот „Ројал Македонија“

Од:

Антички војници со борбени штитови ги пречекуваат гостите на влезот на галијата „Ројал Македонија“, која започна со работа пред неполна недела.

Ентериерот на првата галија изобилува со голем број антички моменти: од позлатените лавовски глави, позлатени огледала па се до менито на ресторанот.

Иако јадењата и салатите се од македонското секојдневие и се подготвуваат со истите состојки, сепак тие носат поинакви имиња.

Предјадење „Александар Македонски – македонско плато“, салати „Олимпија“, „Ксантика“, „Херонеа“ и „Касиопеа“, македонската тава го носи името „Кутлеш“, телешкиот мускул може да го нарачате под името „Букефал“, а свинската коленица е наречена „Филип Втори“.

– Јадењата на менито се ставени со имиња кои се дел од нашата богата историја, која не е за занемарување, а воедно го привлекуваат и странските туристи – вели шефицата на „Ројал Македонија“ Радмила Васевска.

Како што откри Васевска, во средината на септември е закажана и првата свадба, а младоженецот кој сака да ги изнајми просторот, бил возбуден што неговото стапување во брак ќе биде токму тука.

На прашањето колку чини изнајмување на „Ројал Македонија“ за разни прослави, шефицата Васевска вели дека цените се уште не се утврдени, бидејќи тоа зависи од големината на бараниот простор и бројот на гостите.

Во текот на изминатата недела, галијата била 2 дена отворена за посетители пред нејзиното официјално отворање.

Галијата е поделена на 3 спрата и може да собере вкупно 200 гости. Конструкцијата на галијата е изградена од челик и дрво, а внатрешноста е од гипс-картон.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Панорамското тркало почна да се гради

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Почна барокната реконструкција на фасадите во центарот на Скопје

Емир Латифовиќ

Малиновски: За четири дена не се прави ревизија на проект како „Скопје 2014“

Емир Латифовиќ

И МЕПСО во барок

Емир Латифовиќ