Коњаниците се подготвуваат за „Илинденскиот марш 2014“

Од:

Коњаниците кои ќе учествуваат на претстојниот 36-ти „Илинденскиот марш 2014“ по повод празникот Илинден ги почнаа тренинзите на кејот на реката Вардар.

На „Илинденскиот марш 2014“, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат коњаници од различна возраст, од 15 до 60 години. Маршот ќе почне на 27 јули од општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево.

Новина оваа година е тоа што на коњаниците од Скопје, ќе им се придружат коњаници од Свети Николе, од Бигорскиот манастир близу Гостивар и пешадија од Охрид.

Општина Аеродром традиционално ја поддржува оваа манифестација веќе неколку години и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата бидејќи, како што се наведува, Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.

Би можело да ве интересира

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска