„Имам идеја за бизнис сега што?“, работилница за претприемништво

Од:

Под наслов „Имам идеја за бизнис, сега што?“ денеска во Скопје ќе се одржи првата од двете работилници посветени на претприемништвото на која ќе говорат Мади Шарма, претприемач, и нејзиниот тим.

Мади Шарма е жена- претприемач, која ја основа, инспирира и мотивира МАДИ Груп, групација на меѓународни приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации иновативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество.

За своето глобално делување таа има добиено повеќе признанија меѓу кои Achievement и UK Best Boss, а британската Влада ја именуваше и за свој претставник во Европската економска и социјална комисија.

За неа во оваа година е снимен и документарниот филм, кој наскоро треба да премиерно да биде прикажан.

Еднонеделната работна посета на Македонија, Мади Шарма ќе ја искористи и за низа средби со бизнис заедницата и невладиниот сектор, со цел да ги запознае со нејзината нова инвестиција во Македонија, Бизнис Комплексот КоСид кој треба дa започне со работа восептември годинава.

Би можело да ве интересира

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

We make: Женско претприемништво за конкурентност – и јас можам!

Ана Ололовска

Бектеши: Улогата на малите и средните претпријатија во генерирањето на економски раст е широко препознаена и призната

Ана Ололовска

Доделени наградите Претприемач на годината – 2017

Ана Ололовска

Доделување на наградата „Претприемач на годината“

Ана Ололовска

По 10. пат ќе биде прогласен „Претприемач на годината“

Ана Ололовска