Турција заинтересирана за инвестирање во Македонија

Од:

Македонија има одлични услови за инвестирање и ние сакаме да инвестираме во сите сектори во земјата, истакна потпретседателот на турската Влада Булент Аринч на денешната средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој е во официјална посета на Турција.

Вељаноски истакна дека основен приоритет на Македонија е подобрување на економската состојба, а тоа ќе помогне за полесно надминување на другите предизвици.

Се заблагодари за поддршката што Турција и ја дава на Македонија и очекувањата за зголемување на турските инвестиции. Посочи дека Турција е пример за економски раст.

Аринч, кој е и поранешен спикер на Парламентот, се интересираше за актуелната состојба во Македонија и за прашањето за името со Грција. Вељаноски посочи дека поради наметнатиот спор, Македонија е блокирана во НАТО и ЕУ и оти тоа исто така влијае на бројноста на инвестициите во Македонија.

Потпретседателот на турската Влада ја информираше македонската парламентарна делегација за претседателските избори што ќе се одржат во август во Турција.

Во јануари 2015 година во земјата ќе има парламентарни избори, а на почетокот на оваа година имаше локални избори, на кои победник беше Партијата на правдата и развојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Претходно денеска Вељаноски имаше средба со неговиот домаќин, претседателот на Големото турско собрание Џемил Чичек.

Во рамки на официијалната посета на Турција Вељаноски ќе биде примен и од претседателот на Турција, Абдула Ѓул. Во Истанбул утре спикерот ќе има средба и со патријархот Вартоломеј.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ