Македонската женска кошаркарска репрезентација не успеа да оствари позитивен резултат ниту во петтиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2015. Македонките денеска загубија на гостувањето кај Велика Британија со 71:60.
По изедначената прва четвртина која заврши 18:18, следуваше период на доминантна игра на Британките. Вториот период го добија со 26:17, а третиот со 18:12. Нашите кошаркарки беа подобри во последните 10 минути (13:9).
Најефикасна во македонскиот состав беше Криси Гивенс со 30 поени.
Табела Група Б: Литванија 9 бодови, Велика Британија 9, Белгија 7 и Македонија 5.
Последниот натпревар од евро-квалификациите Македонија ќе го одигра в среда на домашен терен против Белгија.