Нов пораз на македонските кошаркарки

Од:

Нов пораз на женската кошаркарска репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство 2015 година кое ќе се одржи во Унгарија и Романија.

На средбата одиграна вчера попладне во салата Јасмин во Каварадци, а во рамките од 4. коло на квалификациската „Б„ група, репрезентацијата на Македонија загуби од Литванија со 59:101 .

Вообичаено најдобра во нашата селекција беше натурализираната Македонка (Американка) Криси Гивенс која средбата ја заврши со 29 поени, 6 скокови и 6 асистенции.

За избраничките на селекторот Горан Јовановиќ, ова беше четвртиот пораз во исто толку одиграни средби, по кој останаа „заковани„ на дното на табелата.

Во вториот натпревар од оваа група вечерва играат Белгија и Велика Британија.

Токму против овие две селекции македонските кошаркарски ќе ги одиграат двата последни натпревари и тоа на гостински терен, на 22. јуни кај Велика Британија односно 25. јуни против Белгија.

Табела: Литванија 4-0 (победи-порази), Велика Британија 2-1, Белгија 1-2 и Македонија 0-4.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска