Во Студеничани меѓународна манифестација за пеливанство

Од:

Меѓународна културно спортска манифестација во традиционално борење (пеливанство) ќе се одржи денеска во Спортско-рекреативниот центар во Студеничани.

На четвртото издание на манифестацијата се очекува учество на повеќе од 100 борачи (пеливани) од Македонија, Бугарија, Турција, Косово и Албанија.

Манифестацијата ја организира Здружението на граѓани за образование, култура, спорт и екологија АКСИ, со поддршка на Министерството за култура, во соработка со општина  Студеничани.

Граѓаните на Општина Студеничани се залагаат  традиционалното борење – пеливанство да добие статус на културно наследство, како автентично случување со сите специфики низ вековите во овој регион.

Во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ веќе е доставен на одобрување елаборат за традиционалното борење во Студеничани и се чека релевантните фактори да донесат конечна одлука за прогласување на овој етно-спорт за културно добро на Република Македонија. Манифестацијата ќе биде збогатена со настан на КУД „Каршиака“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска