Вo Азербejџан уапсена позната активистка за човекови права Лејла Јунус

Од:

Во Азербејџан денеска се уапсени познатата активистка за човекови права Лејла Јунус и нејзиниот сопруг Ариф, истакнат политички аналитичар, кои во мај требаше да се сретнат со францускиот претседател Франсоа Оланд, при неговата посета на земјата.

– Брачната двојка Јунус е уапсена на аеродромот во Баку, од каде сакаa да заминaт за Доха. Оттаму беше предвидено да отпатуваат за Париз, а потоа да го посетат и Брисел, каде требаше да учествуваат на настан организиран од Европската комисија, соопшти нивниот адвокат Халид Казимов.

Лејла Јунус е директор на Институтот за мир и демократија. Таа е носител на француски орден на „Легијата на честа“ и на меѓународната награда „Теодор Хекер“ за граѓанска смелост и политичка искреност.

Лејла Јунус во петокот изрази стравување дека може да биде уапсена.

– Загрижена сум бидејќи е можно да бидам уапсена заедно со мојот сопруг пред 12 мај, за кога е планирана средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд во Баку, рече таа во изјавата.

Би можело да ве интересира

Кандидат за претседател фрлил шише кон противникот во ТВ дуел

Емир Латифовиќ