Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, кој е дел од владината делегација за привлекување инвеститори од Канада и САД , изјави дека компании од автомобилската и градежната индустрија од Канада се заинтересирани за инвестирање во Македонија.
Тоа се мултинационални компании кои сакаат да го прошират бизнисот во Европа.
„Има голем интерес од канадските компании кои сакаат да го шират својот бизнис во европскиот континент и бараат поволни локации како Република Македонија што нудат многу поволни бизнис фискални бенефиции за правење бизнис. Имаше многу компании од канадската и торонтската автомобилска асоцијација“, изјави Павлески.
Павлески е задоволен од бизнис форумите во Канада. Претставувањето на Македонија, како добра бизнис дестинасција, продолжува во САД.