Пропадна и осмиот обид за продажба на „ОХИС“

Од:

Пропадна и осмиот тендер за продажба на „ОХИС“. Одбиена е понудата на бугарски „Раикомерц“, бидејќи не ги задоволува бараните критериуми.

Како што соопшти Министерството за економија, во најкус можен рок ќе биде објавен нов јавен повик за продажба на акциите.

Според Комисијата за спроведување на тендерската постапка, понудата на „Раикомерц“ не содржи информација за досегашно релевантно искуство на компанијата во областа на индустријата, ниту оригинални документи во делот на финансиското работење со што не може да гарантира дека ОХИС ќе продолжи да работи и да се развива во иднина.

„Надвор од тендерските правила „Раикомерц“ во својата изјава за прифаќање на сите услови за продажба на акциите на АД ОХИС, го условува потпишувањето на договорот за купопродажба на акциите со претходно исполнување на десетина предуслови кои ги поставува, а кои се спротивни на тендерската постапка и Уредбата за спроведување на постапката донесена од Владата“, вели Министерството за економија.

Од четири подигнати тендерски документации имаше само една понуда.

„Сигурно дека ќе најдеме друг начин, ќе го смениме моделот уште еднаш или, пак, ќе објавиме уште еден тендер за ОХИС. Ставот на Владата е во никој случај да не прифатиме понуда која ќе ја наруши социјалната димензија на работниците“, изјави претходно, министерот за економија Вањон Сарачини.

И на осмиот тендер ОХИС беше понуден за почетна цена од 14 илјади евра и можност за купувачот спогодбено да ги отпушти над 800. вработени по склучувањето на договорот за продажба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ