Договорите на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ околу продажбата на „Охис“, финишираат, објави порталот Охридскај од, како што велат, свои извори.
Сопствениците на Силекс банка, денес Централна кооперативна банка, АД Скопје ќе бидат новите сопственици преку некоја нивна „сателит компанија„ за да може директно да не се појавуваат поради репутацијата која ја имаат, објави порталот.
Ценат, велат, а веќе е договорена, а функционерите на ВМРО ДПМНЕ договараат земјиштето кое е во сопственост на ОХИС да служи за градба на станови за кои веројатно тие имаат интерес.
Во оваа операција, велат извори на порталот е вклучен директно и Виктор Мизо, Самакоски, но и други високи партиски функционери и нивни роднини, дозава ОхридСкај.