Првиот човек на компанијата “Сахара Индија Паривар“, мултимилијардерот, Субрата Рој, вели дека планира во Македонија да изгради комплекс од казина, хотели и центри за забава.
„Концептот на дизајнот, што го направивме за „Лас Вегас““, ќе го предложиме на македонската влада во септември и структурниот дизајн на почетокот на следната година. Откако ќе биде одобрен, се надеваме дека ќе почнеме со работа за година ипол“, вели Рој, во о изјава за индискиот весник „Фајненшл хроникал“.
Мултимилијардерот, кој по престојот во средината на јуни во земјава најави голема инвестиција во Македонија, одбил за весникот да каже колку точно ќе чини планираниот проект.