Грижата за себе не треба да чека: Flex Group го одбележува Месецот на машкото здравје

Од:

Колку често ги прашуваме колегите како се, а колку често навистина застануваме да го слушнеме одговорот? Зад едно вообичаено „Добро сум“ понекогаш се кријат замор, грижи, здравствени проблеми или преглед што со месеци се одложува.

Мажите често се навикнати да бидат оние на кои другите се потпираат. Да најдат решение, да преземат одговорност, да бидат поддршка за семејството и за колегите. Но, во сето тоа, неретко забораваат дека и ним им е потребна поддршка и дека грижата за сопственото здравје не треба да чека некој послободен ден.
Токму затоа, во Flex Group и оваа година традиционално го одбележуваме ноември – Месецот на машкото здравје. Со оваа иницијатива сакаме да ги охрабриме нашите колеги да одвојат време за себе, да не ги одложуваат превентивните прегледи и отворено да разговараат за своето физичко и ментално здравје.

Голем дел од денот го поминуваме заедно на работното место. Ги споделуваме професионалните успеси, предизвиците, но и многу моменти од приватниот живот. Затоа, во Flex Group веруваме дека одговорноста на една компанија кон своите вработени не завршува со создавањето услови за професионален раст и развој. Таа подразбира и градење работна средина во која здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот на секој поединец имаат значајно место.

Одбележувањето на Месецот на машкото здравје е дел од нашата организациска култура. Сакаме нашите колеги да знаат дека нивното здравје е подеднакво важно како и нивниот професионален успех. Дека е во ред да побараат поддршка, да одвојат време за преглед и да зборуваат за она што ги загрижува.
Ако со оваа иницијатива поттикнеме барем еден колега да го закаже прегледот што долго го одложува или да започне разговор за нешто што досега го премолчувал, тогаш одбележувањето на овој месец има вистинска смисла.

Затоа што зад секоја работна позиција, секој постигнат резултат и секој професионален успех стои човек, чие здравје е поважно од која било деловна цел.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Од учење до подобро лидерство: Flex Group Leadership Academy успешно ја заврши обуката на 60 директори и менаџери

Грижата кон вработените како традиција: Flex Group и годинава обезбедува превентивни прегледи за жените од Групацијата

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата

Две години НАН: Зад секој долг стои приказна што бара решение

Свечено отворен продажниот салон на Kave Home претставен од Flex Home во Македонија

Flex Credit и емисијата „Срце на дланка“ четврта година по ред опремуваат домови за 20 социјално загрозени семејства