Кошта испрати порака до Западен Балкан: Членството во ЕУ е остварливо!

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, вечерва во Брисел, по самитот меѓу Европската унија и Западен Балкан, изјави дека членството во ЕУ е остварливо за земјите од регионот.

Како доказ за напредокот, тој го издвои почетокот на изготвувањето на договорот за пристапување на Црна Гора, како и затворањето на првите преговарачки поглавја со Албанија.

„Мојата порака до сите партнери беше јасна: одржете го замавот и спроведете ги реформите што ќе ве доведат во Европската унија. Проширувањето е реална можност и таа шанса треба да се искористи“, рече Кошта.

Тој наведе дека оваа година ЕУ започна со изготвување на договорот за пристапување на Црна Гора, што претставува прв ваков чекор на Унијата по повеќе од десет години. Додаде дека и останатите партнери од Западен Балкан можат да напредуваат на патот кон членство, доколку постои политичка волја за тоа.

Кошта нагласи дека, покрај спроведувањето на реформите, регионалната соработка, помирувањето и добрососедските односи се клучни предуслови за пристапување кон Унијата.

Тој изрази очекување дека земјите од регионот ќе постигнат дополнителен напредок во решавањето на отворените билатерални прашања. Потсети дека самата ЕУ е изградена врз темелите на помирувањето и мирот, и дека проширувањето одиграло важна улога во остварувањето на тие цели.

На вториот овогодишен самит меѓу ЕУ и Западен Балкан, учесниците разговараа за постигнатото од претходната средба во Тиват, како и за начините за дополнително унапредување на постепената интеграција на регионот во Унијата. Граѓаните на Западен Балкан, рече Кошта, веќе ги чувствуваат придобивките од тој процес, а сложените геополитички околности дополнително ја истакнуваат потребата од поблиски врски.

„Нашите партнери од Западен Балкан можат да сметаат на Европската унија. Ние сме вашиот најсигурен партнер и такви ќе останеме“, порача Кошта.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен и Коста ѝ честитаат на Студентската листа за изборната победа

Горан Наумовски

Конте: Во Англија денес користат базуки, додека сите други сè уште користат пиштоли

А1он

Финскиот премиер го брани Кошта: Добро е да се разговара со Русија

Кошта: ЕУ е најважниот партнер на Србија, вратите на Унијата се отворени

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев