Шест години од смртта на Диего Марадона

Од:

Фудбалскиот генијалец чии потези го оставаа светот без здив, Диего Армандо Марадона беше подеднакво познат по својата магија на теренот и по бурниот живот надвор од него.

Шест години по неговата смрт, сеќавањето на човекот кој за милиони луѓе беше многу повеќе од спортски херој, сè уште не избледело.

Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 година во Ланус, како петто од осум деца. Израснал во сиромашната населба Виља Фиорито, на периферијата на Буенос Аирес, каде што уште како момче играл фудбал по улиците. Тоа скромно детство, исполнето со предизвици, го обликувало неговиот борбен дух и стил на игра.

Во текот на својата кариера настапуваше за Архентинос Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи (каде што освои две титули во италијанското првенство и уживаше статус на божество), како и за Севиља и Њуелс Олд Бојс, а кариерата ја заврши таму каде што и почна – во Бока Јуниорс.

По завршувањето на играчката кариера, многу се пишуваше за неговата зависност од дрога и алкохол. Тренерската кариера ја започна во Текстил Манди, потоа кратко време го водеше Расинг Клуб, а од 2008 до 2010 година беше селектор на аргентинската репрезентација. Исто така, ги тренираше и Ал-Васл, Депортиво Риестра, Фуџаира и Дорадос де Синалоа, додека последниот клуб што го предводеше беше Химнасија де Ла Плата.

Останува запаметен и неговиот потег познат како „Божја рака“, со кој Англија беше елиминирана од Светското првенство во 1986 година. Во Аргентина и во Неапол, Марадона отсекогаш бил повеќе од спортски херој – тој таму е божествена фигура.

Во Аргентина, земја која преживеала многу општествени фрустрации и неколку воени диктатури, „Ел Диего“ стана симбол на надеж и идол на милиони луѓе.

„Сонувам дека можам да им дадам уште еден гол на Англичаните, овој пат со десната рака“, изјави тој во едно од своите последни интервјуа за „Франс фудбал“. Еден таков гол веќе им даде со левата рака – „Божјата рака“, како што самиот рече по натпреварот.

Головите што ги постигна против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година, во натпреварот што заврши со победа од 2:1, се можеби моментот што најмногу ја одбележа неговата кариера.

За водство од 1:0, Марадона „скокна“ пред голманот Питер Шилтон и постигна гол со раката крената над главата.

Тунискиот судија, Али Бин Насер, без двоумење покажа кон центарот. Англичаните протестираа, но залудно. Четири минути подоцна, Марадона постигна еден од најубавите голови на сите времиња. Ја зеде топката на својата половина, а потоа „исфрли од игра“ четворица противнички фудбалери и голманот. Неверојатен погодок, кој подоцна беше прогласен за гол на векот. Гери Линекер успеа да го намали резултатот пред самиот крај, а Аргентина на крајот ја освои својата втора титула светски првак.

„Најмногу се гордеам со тоа што ги правев луѓето среќни преку фудбалот. Чувствувам дека им пружив задоволство и забава на оние што ме гледаа на стадионите или преку телевизиските екрани“, изјави тој тогаш.

Како еден од најголемите фудбалери што светот некогаш ги видел, тој низ годините се соочи и со безброј препреки и скандали, кои се закануваа трајно да го извалкаат неговото наследство.

Но, како што самиот Марадона рече – топката не може да биде нечиста. И покрај сите инциденти, ексцентрични потези и проблеми со алкохолот и дрогата, тој остана фасцинантна личност.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“ ги избра најдобрите фудбалери за секој број на дресот – „тепачка“ за 10ката

А1он

Синот на Марадона: Мојот татко беше Бог, а Мектоминај е Исус!

А1он

Марадона не мораше да умре – неговиот лекар ја одби анализата која можеше да му го спаси животот

А1он

Јувентус, Интер и Сампдорија не го сакаа Марадона пред тој да дојде во Наполи

А1он

(ВИДЕО) „Вака умре Марадона“ – обвинителот покажа фотографија како изгледа асот пред смртта

А1он