Специјалецот кој се повреди во касарната „Илинден“ за 4 минути е пренесен во болница – реанимиран бил во последен момент

Од:

Припадникот на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“ кој пред некој ден во несреќен случај заработи тешка повреда во касарната „Илинден“ во Скопје е во стабилна состојба. Тој е успешно реанимиран во Ургентниот центар.

Ова меѓудругото денеска на Фејсбук го напиша неговиот колега, воедно и шура – Мартин Ефремов, член на Независниот полициски синдикат.

Според него, припадниците на единицата реагирале експресно и го пренеле повредениот од касарната до Ургентниот центар за околу четири минути.

Тој им се заблагодари на колегите за брзата и професионална реакција и рече дека таа му дава надеж на семејството во тешките моменти.

„Во врска со повредениот колега од САЕ Тигар за кој веќе ми се јавија повеќе новинари за детали околу несреќата сакам да го изјавам следното. Колегата е мој зет за сестра, кој благодарение на екстремно брзата и максимално професионална реакција на колегите од единицата бил пренесен од касарната до ургентен центар за околу 4 минути, каде бил успешно реанимиран и во овие тешки моменти благодарение на нив имаме надеж и можност да се молиме за него. Во животот едноставно постојат несреќни случаи и не секогаш за нив нужно треба да бараме виновник во некого или секогаш вината да доаѓа редовите на полицијата затоа што така е најзвучно за јавноста. Колегата засега е во стабилна состојба и има 24/7 часовен надзор и поддршка на семејството од страна на припадници на единицата со кои заедно се молиме за него и се надеваме дека се добро ќе се заврши“ напиша Ефремов на ФБ.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси странец кој се шеташе во касарната „Илинден“ во Скопје

Ако бевте невини, требаше вие да изгорите во трагедијата – му рекол обвинител на полицаец тврдат од Независниот синдикат

Не се откажуваме од тоа што ни следува, протест за повисоки плати на Независниот полициски синдикат

Катерина Ѓуровски

Американец незаконски влегол во касарната „Илинден“, известени се ОЈО и АНБ

Горан Наумовски

Независниот полициски синдикат го почна караванот протести за подобра заштита и за повисоки плати

Независниот синдикат на полицијата бара од идниот премиер да ги вметне нивните барања во владината програма