Почина 37-годишник во Тетово, ќе му прават обдукција

Од:

Тетовец (37) почина во својот дом, а неговото тело е донесено во Клиничката болница во Тетово без знаци на живот.

Јавен обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според информациите од МВР, вчера попладне во 16:35 часот, смртта на Ф.С.(37) е пријавена од Интерното одделение на тетовската болница.

Полициски службеници излегоа на местото на настанот, каде што лекар ја констатираше смртта.

Според првичните сознанија, мажот почина во својот дом, а на неговото тело не се забележани видливи траги на насилство.

Увид на местото изврши полициска екипа и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, кој нареди обдукција за утврдување на причините за смртта.

Би можело да ве интересира

Скопјанка (65) заврши зад решетки – му носеше марихуана на синот затвореник

А1он

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он