Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

Од:

Два борбени авиона на Вооружените сили на Србија пресретнаа авион на „Виз ер“ кој леташе од Брисел кон Софија, откако пристигната дојава дека во него има експлозивна направа.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Србија, авионите го идентификуваа леталото и го придружува сè до границата со Бугарија.

Борбените авиони полетаа откако добија известување од Контролата на летање на Србија и Црна Гора (SMATSA). Тие беа дел од системот за противвоздушна одбрана и силите за трагање и спасување, кои се наоѓаа во состојба на највисок степен на подготвеност.

Летот W64328 на „Виз ер“ безбедно слета во Софија. Бугарските власти го прегледаа авионот, но не пронајдоа експлозивна направа.

Претходно, истиот лет беше следен и од унгарски борбени авиони додека се наоѓаше во унгарскиот воздушен простор.

Жителите на Шумадија беа вознемирени од силен тресок околу 10:30 часот. Од Министерството за одбрана појаснија дека звукот настанал кога српските воени авиони ја пробиле звучната бариера за време на пресретнувањето.

Тие упатија извинување до граѓаните, нагласувајќи дека во вакви ситуации борбените авиони мора да реагираат што е можно побрзо.

Овој инцидент се случи во време кога закани со бомби се појавија и на други летови во Европа. Одговорноста за овие дојави сè уште не е утврдена.

Би можело да ве интересира

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Кос: Извештајот за проширувањето содржи 3 нови елементи, Србија има шанса за нов почеток

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Вртоглавиот подем и пад на Марко Кричак – началникот на криминалистичката полиција кој утрово беше уапсен