Срдановиќ: Не учествував во војната во Хрватска

Од:

Носителот на „Студентската листа“ – Илија Срдановиќ, денеска изјави дека не учествувал во војната во Хрватска, ниту пак во каков било конфликт надвор од Србија.

„Имав 20 години и во тоа време не учествував во војната. Студирав медицина, бев на прва или втора година од студиите. Никогаш не сум пукал кон никого надвор од мојата земја. Да ме прашаше некој директно, ќе добиеше конкретен одговор од мене. Но, не чувствував потреба да ја демантирам секоја невистина што беше објавена за мене“, изјави Срдановиќ за загрепски „Јутарњи лист“.

Срдановиќ рече дека фактот што другите ширеле такви информации за него, само потврдува оти нивните намери не се чесни.

„Впрочем, ова е движење што го започнаа млади луѓе, родени по 2000-тите години. Нив не ги интересираат овие теми, нив ги интересира иднината“, додаде Срдановиќ.

Тој наведе дека бил мобилизиран во 1998 и 1999 година, кога започнало бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, и дека целото време од таа војна го поминал во Војводина како војник.

Срдановиќ изјави дека „Студентската листа“, која убедливо победи на парламентарните избори во Србија, ќе стори сè што е во нејзина моќ за да ги реши отворените прашања со Хрватска, притоа посочувајќи го лидерот на владејачката коалиција, Александар Вучиќ, како виновник за лошите односи меѓу двете земји.

„Еден човек ги труеше нашите односи повеќе од 30 години, од почетокот на 90-тите па сè до денес. Тој човек сега влезе во историјата како историска ништожност. Тој е човек од кого ќе се срамиме. Затоа ќе дадеме сè од себе за да ги поправиме работите и да оствариме најдобра можна соработка со сите наши соседи. Од двете страни има мајки, сестри и баби што плачат. Сакаме да им помогнеме на сите нив да дојдат до вистината“, рече Срдановиќ.

Би можело да ве интересира

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Срдановиќ за сараевските медиуми: Нема да ги оспоруваме пресудите за Сребреница

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

Илија Срдановиќ за изборот на членови на идната Влада на Србија: Студентите избраа 250 експерти!

А1он