Лукаревска: Вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта

Од:

Пратеничката од СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот, нагласи дека вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта, не носи фискална консолидација, туку го задржува зголемениот дефицит, јавниот долг останува на високо ниво, а за граѓаните нема мерки, се вели во соопштението од СДСМ.

„Пред неколку месеци токму од оваа говорница , на оваа Комисија за првиот Ребаланс на Буџетот за 2026 предочив дека, тогашниот Ребаланс е одраз на погрешно планирање. И тогаш и денес логично се поставува истото прашање – „ Кој дел од првичниот Буџет беше погрешно планиран: приходите, расходите, дефицитот или сите три заедно? “ Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, се задржува проекцијата за реален економски раст од 3,5%. Иако Светска банка ја коригираше својата прогноза за економскиот раст на Македонија за 2026 година од 3% на 3,2%, проекцијата на Министерството за финансии и натаму е повисока. Ова е важно имајќи предвид фактот дека правиме втор ребаланс на Буџет, кој повторно и повторно го темелиме на нереални претпоставки. Повторно се планира преку пооптимистички претпоставки што на крајот на годината може да значи повторно нереализирање на она што е првично планирано, како што укажав и при првичното планирање на Буџетот, како и при првиот ребаланс дека премногу се темелиме на оптимизам. Би се задржала на 4 тези кои ја прават споредбата меѓу кажаното, видливото и реалното, па и нереалното од јулскиот и овој, октомвриски ребаланс“ рече Лукаревска.

Таа рече дека „зголемениот дефицит беше оправдуван со инвестиции; дополнителните инвестиции се повлечени, дефицитот останува. На 23 јуни зголемувањето на дефицитот со повисоките капитални расходи се објасни со следниов цитат: „Не зборуваме за дефицит кој финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој“. Што покажува октомври: Во јули дефицитот беше зголемен за околу 7 милијарди денари, а капиталните расходи за 5,7 милијарди денари во однос на почетниот план. Во октомври капиталните расходи се намалуваат на 40,124 милијарди денари – речиси идентично со почетниот буџет од 40,122 милијарди. Дефицитот, сепак, останува 46,264 милијарди денари, односно околу 7 милијарди над почетниот план“.

„Развојното образложение за зголемениот дефицит од јули не ја опишува октомвриската расходна структура. Oд каде произлегува економската оправданост за непроменетото проширување на дефицитот? Јулското предупредување за растот на тековната потрошувачка се гледа во октомвриските бројки. Во расправата во јули, укажав дека зголемувањето на дефицитот не може да се објаснува само со инвестиции, бидејќи истовремено растат субвенциите, социјалните трансфери и платите. Владините претставници, пак, го истакнуваа развојниот карактер на ребалансот. Што покажува октомври: Тековните расходи се зголемуваат за дополнителни 1,012 милијарди денари во однос на јули, а за 6,275 милијарди денари во однос на почетниот буџет. Само социјалните трансфери во октомври се зголемени за плус 3,6 милијарди денари во однос на јули: пензиите за 1,3 милијарди денари; социјални надоместоци за плус 1,4 милијарди денари; здравствена заштита за 887 милиони денари“ вели Лукаревска.

Смета дека „вториот ребаланс не носи фискална консолидација, туку го задржува зголемениот дефицит – Фискалната консолидација подразбира постепено намалување на фискалната нерамнотежа, контрола на структурните расходни притисоци и создавање простор за реакција на идни шокови. Намалувањето на приходите и расходите за идентичен износ е буџетско приспособување, но не и дополнителна консолидација. Државата и понатаму планира ист дефицит како по јулскиот ребаланс. При очекуван реален економски раст од 3,5% во 2026 година, ова бара јасно објаснување на стабилизирачката или развојната функција на расходите. А,ММФ во консултациите за 2026 година препорача фискална консолидација“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ поднесе предлог-закон за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст на платите

(ВИДЕО) Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за таа да се луксузира