За македонските компании што сакаат да растат надвор од домашниот пазар, еден од најважните предизвици е како квалитетниот производ да го претворат во препознатлив и конкурентен бренд во нова средина. Шведска нуди можности за таков развој, но успешниот настап бара познавање на пазарот, јасно позиционирање и партнери со кои може да се изгради долгорочна соработка. Токму поврзувањето на овие елементи е во фокусот на „Бизнис Арена 2026“, конференција посветена на македонските брендови и пазарната експанзија.
На шведскиот пазар, квалитетот, иновациите и одржливоста имаат значајна улога во одлуките на купувачите. За компаниите што планираат да настапат таму, подготовката подразбира да ги разберат очекувањата на потрошувачите, барањата на деловните партнери и вредноста со која нивната понуда може да се издвои. Во тој процес, пристапот до релевантно знаење и контакти може да им помогне појасно да ги согледаат и можностите и чекорите што треба да ги преземат.

„Македонските компании треба да го гледаат шведскиот пазар како достижна можност за која е потребна добра подготовка. Првиот чекор е да разберат кому му се обраќаат, што очекуваат потенцијалните купувачи и како нивниот бренд може да се издвои. Нашата улога како комора е да го олесниме поврзувањето меѓу компаниите, знаењето и деловните контакти во двете земји. Со Brand Export Competition сакаме амбицијата за меѓународен раст да добие конкретна насока и поддршка. За еден бренд, пристапот до вистинската експертиза и партнер може да биде пресуден за следниот чекор“, вели Самуел Наумовски Викиус, извршен директор на Шведско-Македонската стопанска комора.
Оваа перспектива произлегува и од неговото професионално искуство во европските прашања, шведските јавни институции, деловниот развој и меѓународните односи. Со професионална основа изградена во Шведска и лична поврзаност со Македонија, Самуел работи на приближување на деловните и институционалните средини на двете земји. Бизнис Арена е можност тоа поврзување да се преточи во директни средби и конкретна поддршка за компаниите.
Највидлив пример е Brand Export Competition, конкретен плод на конференцијата за пласман на македонски бренд на шведскиот пазар. Три финалисти, избрани од жири составено од тројца шведски експерти, ќе ги претстават своите брендови преку едноминутна презентација на главната сцена. Публиката ќе гласа во живо, а победникот ќе добие Go-to-Sweden Acceleration пакет за поддршка за настап и позиционирање на својот производ или услуга на шведскиот пазар.
Претставувањето пред меѓународни експерти е и можност компаниите да ја погледнат сопствената понуда низ очите на нов пазар. Таквата перспектива отвора пошироки прашања: колку јасно брендот ја комуницира својата вредност, дали компанијата е подготвена за раст и какви знаења и партнерства ѝ се потребни. Токму затоа натпреварот се надоврзува на целокупната програма на Бизнис Арена, која ги поврзува развојот на брендови, лидерството, корпоративната култура, европските пазари, дигиталната трансформација и конкурентноста.
Овие теми ќе се обработуваат во три зони, Main Arena Stage за предавања и дискусии, Experience Zone за деловно поврзување и Masterclass Zone за практични знаења и работилници. Меѓу најавените говорници се министерот за информатичко општество Стефан Андоновски, Хенрик Исаксон од Конфедерацијата на шведски претпријатија, Горан Поповски од Dometic, Ема Гарет, правна советничка во Арбитражниот институт на Стокхолмската стопанска комора и претставници на домашни и меѓународни компании. Со ваквиот концепт, учесниците ќе можат прашањата отворени на сцената да ги продолжат преку практична работа, размена на искуства и разговори со потенцијални соработници.
„За компанија што размислува за раст, многу е важно да има пристап до луѓе со различни искуства и перспективи. Еден разговор со потенцијален партнер или експерт може да помогне да се препознае можност, но и навреме да се разбере некој предизвик. Затоа вредноста на Бизнис Арена ја гледаме во спојот на знаење, практична работа и директни средби. Сакаме учесниците да си заминат со појасна насока за својот бизнис и со контакти со кои ќе можат да продолжат да работат и по конференцијата. Така се создава основа за долгорочна соработка меѓу македонските и шведските компании“, посочува Самуел.
Со оваа цел, „Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари. Главен организатор е Унијата на млади претприемачи на Македонија „Phoenix Rising“ (Феникс Рајзинг), а Шведско-Македонската стопанска комора е поддржувач и коорганизатор на настанот.
