12 возачи уапсени за безобѕирно возење

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации во државата лишиле од слобода 12 возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, осум возачи управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.А. (33) од Скопје, М.Д. (28) од Љуботен, скопско, Б.С. (43) од Брест, скопско, Г.А. (34) од Врапчиште, гостиварско, С.С. (37) од Степанце, Општина Старо Нагоричане, Б.Ш. (40) од Рогле, Општина Желино, И.А. (45) од Чешиново, Општина Чешиново-Облешево и О.Ј. (44) од Штип.

Тројца од лишените од слобода управувале под дејство на алкохол. Тоа се Ј.С. (56) од Скопје, Д.Р. (73) од Македонска Каменица и Р.Ј. (47) од радовишко, кој воедно управувал и во спротивна насока.

Полицијата го лишила од слобода и П.К. (46) од Прилеп, кој управувал возило и покрај активната мерка забрана за управување.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 20 годишник од село Палатица – кај него најдени 15 пакувања марихуана

А1он

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Пожар во куќа во Берово – почина 83 годишник

А1он

Скопјанка (46) пронајдена почината во стан во Кисела Вода

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он