Полициски службеници од СВР Тетово приведоа 20-годишен жител на селото Палатица, откако при преглед кај него се пронајдени 15 пакувања марихуана.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот е регистриран на 5 октомври околу полноќ, кога припадници на Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Н., поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
При извршениот преглед кај лицето се пронајдени и одземени 15 пакувања со марихуана.
Ф.Н. е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
