МВР информира дека рано утринава во 06:25 часот во ОВР Берово е пријавено дека настанал пожар во куќа на С.Б.(83) во Берово.
Пожарот го изгаснала ТППЕ Берово, а, според пријавеното, од интоксикација од чад починал С.Б..
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Берово, а увид извршија јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово.
