Здружението на хрватски бранители (UHN RH) упати апел до надлежните министри да предложат Владата да донесе пропис со кој на одредени јавни личности би им се забранил влез во Хрватска.
Здружението, во соопштението што го пренесе агенцијата Хина, ги повика министрите да предложат пропис со кој би им се забранил влез во Хрватска на уметници и други лица кои, како што наведуваат, „шират омраза и нетрпеливост, величаат злосторници, поддржуваат агресивни воено-хушкачки политики, не ги признаваат злосторствата извршени во Хрватска, легитимноста на хрватските ослободителни операции и ја клеветат хрватската нација и држава“.
Меѓу имињата што ги наведоа се и Мирослав Илиќ, Лепа Брена и Бајага.
По ова барање, Бајага кратко порача дека е запознаен со ситуацијата, но дека не сака дополнително да ја коментира.
„Фала најмногу, видов синоќа, но не би го коментирал тоа“, изјави Бајага за „Курир“.
Барањето на здружението на бранители привлече внимание во јавноста, особено поради тоа што на списокот се најдоа познати музичари од Србија кои во изминатите децении настапуваа низ целиот регион.
Од здружението ги повикаа надлежните институции да ја разгледаат можноста за воведување пропис со кој, како што наведуваат, би се регулирал влезот на одредени јавни личности во Хрватска.
Бајага, за разлика од оние кои се вклучија во јавната расправа, се одлучи за краток одговор и не сакаше да го коментира барањето ниту причините поради кои се најде меѓу имињата што ги наведе здружението на бранители.
