Макрон: Да не подлегнеме на духот на поразот, да застанеме зад ОН пред „законот на џунглата“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН, повика „да не подлегнеме на духот на поразот“ и да „застанеме зад Обединетите нации пред законот на џунглата“.

„Секогаш кога законот на посилниот се обидува да се наметне, ние мораме да ги браниме правдата и заедничкиот интерес“, рече Макрон.

Макрон се осврна и на прашањето за Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека повторното отворање на тој важен воден пат е приоритет.

„Почитувањето на меѓународното право е приоритет и е во интерес на сите. Франција ќе се ангажира во тоа“, рече тој.

Тој зборуваше и за руско-украинската војна, наведувајќи дека Русија веќе речиси пет години води „сурова војна против цивили во Украина и ја окупира територијата на суверена земја“.

Тој изјави дека Франција ќе продолжи да ѝ дава безусловна поддршка на Украина.

„Франција нема да штеди напори за што поскоро да се вклучи во корисни преговори меѓу Украина и Русија“, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Франција – хулигани кршеа пињата со ликот на претседателот Макрон

А1он

Макрон се обидува да ја смири Франција, полицијата се подготвува за нови немири

А1он

ВИДЕО: Нередите во Париз продолжија до рано утрово

Макрон: Франција ќе го заштити саудискиот нафтовод Исток-Запад

А1он

(ВИДЕО) Макрон: Можен е руски напад врз Европа, постојат знаци дека се подготвуваат

Макрон за договорот меѓу Иран и САД: Не верувам дека војната е целосно завршена!

А1он