Tоп 10 најплатени спортисти во пензија – Мајкл Џордан е неприкосновен

Од:

Популарното списание „Форбс“ редовно ја пресметува заработката на славните личности, при што напоменува дека во таа сума не се вклучени приходите од инвестиции.

Еве ја листата на ТОП 10 најплатени пензионирани спортисти во светот според вкупната заработка во кариерата, вклучувајќи ги платите и наградите, договорите за спонзорство, лиценцирањето и другите приходи поврзани со спортот.

1. Мајкл Џордан – Повеќе од 2,4 милијарди долари од спонзори и бизниси

Мајкл Џордан нема рамен кога станува збор за заработката на спортистите по завршувањето на кариерата.

Легендата на „Чикаго Булс“ заработи околу 90 милиони долари од плати за време на својата играчка кариера, но вистинските пари дојдоа надвор од теренот. Денес, „Форбс“ проценува дека Џордан заработил дури 2,4 милијарди долари (пред оданочување) од корпоративни партнери, меѓу кои најважен е „Најк“ (Nike). Неговото моментално богатство се проценува на околу 4,3 милијарди долари.

„Jordan Brand“ стана глобален феномен, а Џордан своевремено поседуваше и мнозински удел во тимот „Шарлот Хорнетс“. Иако последен пат настапи во 2003 година, парите и денес продолжуваат да пристигнуваат благодарение на огромниот бренд што го изгради.

2. Флојд Мејведер – Повеќе од една милијарда долари

Флојд Мејведер е еден од ретките спортисти кои успеаја да ја надминат магичната граница од една милијарда долари заработка во текот на својата кариера.

Боксерската суперѕвезда заработи огромни суми пари благодарение на мечевите што се емитуваа по систем „плати за гледање“ (PPV). Неговиот дуел со Мени Пакјао му донесе проценети 250 милиони долари, додека за спектаклот против Конор Мекгрегор заработи околу 275 милиони долари. По тој меч, „Форбс“ процени дека вкупната заработка на Мејведер во кариерата достигнала една милијарда долари.

Мејведер официјално се повлече со учинок од 50 победи и ниту еден пораз (50-0), иако подоцна настапуваше на ревијални мечеви.

3. Роџер Федерер – околу 1,1 милијарда долари

Роџер Федерер е еден од најплатените тенисери во историјата, но најголемиот дел од неговите пари не потекнуваат од турнирски награди.

Во текот на кариерата, Швајцарецот освои повеќе од 130 милиони долари од турнирски награди, додека заработи приближно една милијарда долари од спонзори и деловни активности. „Форбс“ ја проценува неговата вкупна заработка во кариерата на околу 1,1 милијарда долари.

Федерер се повлече во 2022 година, но и потоа остана многу баран во светот на маркетингот. Неговиот договор со „Уник“ (Uniqlo) е вреден 300 милиони долари за период од десет години.

4. Дејвид Бекам – повеќе од 800 милиони долари

Дејвид Бекам е можеби најдобриот пример за спортист кој своето пензионирање го претвори во уште поголем бизнис.

Англискиот фудбалер ја заврши кариерата во 2013 година, но дури потоа почна да остварува огромни приходи. „Форбс“ претходно ја проценуваше неговата вкупна заработка во кариерата на околу 800 милиони долари, додека поновите проценки покажуваат колку пораснало неговото деловно царство во меѓувреме.

Бекам денес е милијардер, а еден од неговите највредни бизниси е сопственичкиот удел во клубот „Интер Мајами“. „Форбс“ ја процени неговата нето-вредност на околу една милијарда долари.

5. Џек Никлаус – повеќе од 700 милиони долари

Еден од најголемите голфери на сите времиња не се збогати само со освојување турнири.

Џек Никлаус изгради огромен деловен систем по завршувањето на својата играчка кариера. Тој беше вклучен во дизајнирање терени за голф, недвижности, лиценцирање и бројни други бизниси.

Неговото име стана глобален бренд, а заработката по повлекувањето од терените повеќекратно ја надмина онаа што ја остварил како професионален голфер.

6. Шакил О’Нил – повеќе од 700 милиони долари

Шакил О’Нил е еден од најпознатите примери за спортист кој својата популарност ја претворил во огромен бизнис.
Поранешниот центар на „Лос Анџелес Лејкерс“ заработил огромни суми од НБА-договорите во текот на својата кариера, но не се повлекол од јавниот живот ниту по завршувањето на спортската кариера.

Напротив – тој станал заштитно лице на бројни компании, како и инвеститор и сопственик на удели во разни бизниси. „Форбс“ претходно ја процени неговата вкупна заработка во кариерата на повеќе од 700 милиони долари.

7. Грег Норман – повеќе од 700 милиони долари

Австралискиот голфер Грег Норман е уште еден доказ дека најголемите пари често доаѓаат надвор од спортскиот терен.
Популарната „Ајкула“ изградила деловна империја која опфаќа дизајнирање терени за голф, недвижнини, вино, облека и бројни други проекти.

„Форбс“ своевремено го вброил меѓу најплатените пензионирани спортисти, токму поради огромните приходи што продолжил да ги остварува по завршувањето на својата играчка кариера.

8. Оскар Де Ла Хоја – стотици милиони долари

Оскар Де Ла Хоја заработил огромни суми за време на својата боксерска кариера, но по пензионирањето направил уште еден голем чекор – ја основал промоторската компанија „Golden Boy Promotions“.

Со тоа, тој преминал од улогата на боксер во улога на човек кој организира и промовира големи боксерски настани.

Така, неговото име продолжило да носи заработка дури и откако последен пат влегол во рингот како професионалец.

9. Меџик Џонсон – стотици милиони долари

Меџик Џонсон ја завршил кариерата многу порано отколку што планирал, но по кошарката изградил една од најимпресивните деловни приказни меѓу поранешните спортисти.

Легендата на „Лос Анџелес Лејкерс“ има инвестирано во бројни компании, вклучувајќи кина, ресторани и други франшизи, а низ годините изгради деловна империја вредна милијарди долари.

Денес, неговото име повеќе се поврзува со бизнисот отколку со кошаркарскиот терен.

10. Алекс Родригез – стотици милиони долари

За време на својата 22-годишна кариера во МЛБ, Алекс Родригез заработи огромни суми пари од договори со клубови, особено од историскиот договор со „Њујорк Јанкис“.

По повлекувањето од спортот во 2017 година, тој се насочи кон бизнисот, инвестициите и телевизијата.

На тој начин, Родригез успеа да остане еден од најпознатите поранешни спортисти во САД, а неговите приходи, дури и по завршувањето на кариерата, доаѓаат од бројни деловни проекти.

Би можело да ве интересира

Форбс ja објави новатa листа на најплатени фудбалери – Јамал е во топ 10

А1он

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ