Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

Од:

Основното јавно обвинителство во Панчево поднесе обвинителен акт против С.П. (58) од Омољица (Србија) поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело семејно насилство.

Обвинителството предложи судот да му изрече казна затвор од четири месеци на обвинетиот С.П. и да му одреди безбедносна мерка задолжително лекување од алкохолизам, како и да му го продолжи притворот до завршувањето на главната расправа, бидејќи постојат посебни околности кои укажуваат дека тој ќе ја попречува постапката и дека ќе го доврши или повтори кривичното дело во краток временски период.

– Обвинетиот се товари дека во вечерните часови на 14 август 2026 година, во семејниот дом во Омољица, во алкохолизирана состојба (со концентрација на алкохол во организмот од 2,57 промили), физички ја нападнал својата сопруга, оштетената З.П. (54) од Омољица, при што во една од собите запали плинска боца, со што ја загрозил нејзината лична сигурност и телесен интегритет, а сето тоа го сторил во присуство на три малолетни деца – соопштија од Основното јавно обвинителство во Панчево.

Би можело да ве интересира

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“