Трамп: Не се противам кинеските производители на автомобили да отвораат фабрики во САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не би се противел кинеските производители на автомобили да отвораат фабрики во САД, и покрај силното противење од американските конгресмени и автомобилски компании.

„Ако Кина сака да дојде и да отвори фабрика за производство на своите автомобили овде, јас би се согласил со тоа“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Трамп изјави дека не сака кинеските производители на автомобили да произведуваат возила во Мексико и да ги извезуваат во САД.

„Не ги критикувам кинеските автомобили“, рече Трамп.

Американските производители на автомобили побараа од Трамп – кој треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг во Вашингтон за две недели – да не им дозволува на кинеските производители пристап до американскиот пазар.

Американската сенаторка Елиса Слоткин од Мичиген, членка на Демократската партија, во средата изјави дека постојат „гласини оти Трамп планира да дозволи продажба на кинески автомобили во САД како дел од поширок договор што го подготвува“.

Слоткин оцени дека тоа би било стратешка грешка.

Би можело да ве интересира

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он

Трамп ја нарече „смешна“ уредувачката политика на „Фокс њуз“, ги повика поддржувачите да не го гледаат тв каналот

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија