МВР информира дека рано утринава во 01:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Г.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Кавадарци агресивно се однесувал, фрлал предмети кон неговата 31-годишна сопруга и им се заканувал на неа и на нивната малолетна ќерка.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека В.Г. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,97 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
