Модната индустрија пред голема промена: Што ќе прават Chanel, Zara и останатите со непродадената облека?

Од:

Модната индустрија влегува во период на сериозна трансформација. Новите европски правила за непродадената облека носат промена во досегашниот модел на производство, продажба и управување со залихите.

Од 19 јули 2026 година, големите компании во Европската Унија се соочуваат со забрана за уништување на непродадена облека, обувки и модни додатоци, со одредени исклучоци. Тоа значи дека производите што нема да најдат купувач повеќе не можат едноставно да бидат уништени за да се зачува ексклузивноста на брендот или да се избегне појава на големи попусти.

Компаниите како Zara, Chanel, Dior, Prada и останатите големи имиња сега мораат многу попаметно да го планираат производството.

Досегашниот модел беше релативно едноставен: се произведува голема количина, се пушта колекцијата, а она што ќе остане непродадено се повлекува од продажба или се бара друг начин за негово пласирање.

Сега ситуацијата е поинаква.

Особено кај луксузните брендови, проблемот е посложен. Замислете парче Chanel со цена од неколку илјади евра кое не се продало. Брендот не може едноставно да го стави на огромен попуст без да ризикува да ја наруши ексклузивноста и перцепцијата за вредноста на производот.

Затоа, контролираното производство, ограничените серии и циркуларноста стануваат сè поважни.

Chanel веќе развива системи за повторна употреба и рециклирање на материјалите. Преку L’Atelier des Matières, материјали од производи што повеќе не можат да се комерцијализираат се сортираат и повторно се користат, наместо автоматски да станат отпад.

Компанијата истовремено инвестира и во циркуларност преку NEVOLD, со фокус на природни текстилни и кожни материјали.

Но Chanel не се откажува од новите колекции. Напротив — луксузните куќи продолжуваат да создаваат нови модели, додека старите залихи мораат да добијат поинаков третман.

Тука се отвора можност за нов модел: помалку произведени парчиња, поголема ексклузивност и повеќе limited editions.

Еден од најинтересните трендови е сè поголемото присуство на луксузните куќи во козметиката, skincare производите и парфемите.

Причината е едноставна.

Не секој може да си дозволи Chanel чанта, јакна или couture парче од неколку илјади евра. Но многу поголем број потрошувачи можат да купат Chanel парфем, кармин, крем или друг beauty производ.

Така брендот го задржува својот луксузен имиџ, но истовремено добива многу поширок пазар и производи кои се купуваат повторно.

Тоа е исклучително паметна стратегија: luxury брендот станува достапен на повеќе ценовни нивоа, без да мора да го намалува престижот на својата главна fashion линија.

А што значи ова за помалите дизајнери?

Интересно е што моделот кој сега станува сè поважен кај големите брендови одамна постои кај дел од малите независни дизајнери:

Наместо да се произведат десетици или стотици готови парчиња и потоа да се бара купувач, производот се изработува по нарачка.

Тоа значи помалку отпад, помалку залихи и помал финансиски ризик.

Токму затоа limited edition, slow fashion и made-to-order би можеле да станат едни од најважните концепти во иднината на модата.

Модната индустрија можеби не се откажува од луксузот.

Само почнува да го произведува многу попаметно.

Би можело да ве интересира

Откажан концертот на Дино Мерлин во Краљево, по барањата на ветераните да биде забранет

Предраг Петровиќ

Доли Партон погребана во тесен семеен круг: Последната желба ѝ е исполнета

Од девојче кое живеело во дрвена куќа до жена што изгради империја: Што сè остави Доли Партон зад себе?

Предраг Петровиќ

Умре Шпанецот кој го одгледаa волци

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Принцот Хари го загуби спорот против „Дејли мејл“ – треба да плати 9,5 милиони фунти

Предраг Петровиќ