(ВИДЕО) Хаос, паника и плач на деца : објавена снимка од моментите пред да потоне бродот кај Кипар

Од:

Најмалку девет лица загинаа откако патничкиот брод „Фило Џет“ со 267 луѓе се преврте кратко по испловувањето од пристаништето Кирне на северот на Кипар.

Според последните официјални информации, спасени се 237 лица, додека по дел од патниците и натаму се трага.

На социјалните мрежи се појави снимка од моментите пред пропаѓањето на бродот. На неа се гледа паниката межу патниците кои се борат за елеци за спасување.

Меѓу повредените има и три деца кои се на интензивна нега. Според досегашните информации, нивните животи не се во опасност.

Бродот во меѓувреме целосно потонал на длабочина од 514 метри, што значително ја отежнува потрагата по исчезнатите.

Во големата спасувачка операција учествуваат кипарско-турските и турските служби, хеликоптери и голем број пловила. Властите на Република Кипар од јужниот дел на островот, исто така, понудиле помош.

Капетанот на „Фило Џет“ и седум членови на екипажот се уапсени во рамки на истрагата за причините за несреќата, соопшти премиерот на Северен Кипар, Унал Устел.

„Секој аспект од овој инцидент ќе биде истражен. Ќе биде откриен и најмалиот пропуст“, порача Устел.

Тој додаде дека никој нема да биде поштеден од одговорност доколку се утврди дека е виновен или одговорен за трагедијата.

Би можело да ве интересира

Скандал со лажни донори: Клиниките во Северен Кипар мамеле паровите што сакале деца