Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

Од:

Мотоциклист (30) заврши со тешки повреди, а неговата 22-годишна сопатничка се здоби со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Свети Николе.

Според информациите од МВР, несреќата е пријавена во 22:31 часот во ОВР Свети Николе, а се случи на улицата „Филип Втори“.

Во несреќата учествуваа патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(68) од Свети Николе, и мотоцикл „хонда“ управуван од С.П.(30) од селото Преод.

Мотоциклистот се здоби со тешки телесни повреди, додека неговата сопатничка В.С.(22) од Свети Николе се здоби со телесни повреди.

Повредите им се констатирани во болницата во Штип.

Увид изврши екипа на ОВР Свети Николе, при што е утврдено дека 68-годишниот возач на „пежото“ управуваше со возилото под дејство на алкохол. Кај него се измерени 1,19 промили алкохол во крвта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е гостиварец кој со „ролс-ројс“ возеше 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

А1он

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он