Битолчанец подметна пожар, ќе добие кривична пријава

Од:

Полициски службеници вчера уапсиле битолчанец за предизвикување пожар.

– Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведен e пироман во Штипско, фатен e на дело при палење сува трева

Горан Наумовски

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Полицијата на дело уапси пироман кој подметна пожар на автопат Скопје – Тетово

Полицијата уапси маж поради предизвикување пожар

Пироман запалил сува трева во расадник во Кисела Вода