ВИДЕО: Вака изгледа новата јахта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ: Долга е 26 метри

Од:

Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ летово уживаат на новата луксузна јахта, која привлече внимание со својот изглед и импресивните димензии.

Нивното ново пловило е долго 26 метри и има две нивоа. Јахтата го носи името „Lady B“, што е очигледна посвета на популарната пејачка.

Внатрешноста е уредена во луксузен стил и располага со пространи дневни простории, спални соби и модерни бањи.

Јахтата може да прими до 12 лица.

Лепа Брена претходно зборувала за тоа колку ужива во патувањата и престојот на јахта, истакнувајќи дека промената на средината и посетата на нови дестинации ѝ носат инспирација.

„Патуваме затоа што патувањата, разновидноста и далечината се тајни освежувачи на креативноста на нашиот ум“, изјави таа.

Брачниот пар претходно ја покажа јахтата во Будва, а потоа пристигна и во Опатија.

Според пишувањата на српските медиуми, претходната јахта ја изнајмувале.

Би можело да ве интересира

Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Предраг Петровиќ

Хрватските бранители бараат забрана за Бајага, Илиќ и Брена

Предраг Петровиќ

Никол Кидман ги тргна периките и ја покажа природната коса – многумина изненадени

Предраг Петровиќ

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа