Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

Од:

Светското првенство 2026 година ќе остане запаметено по бројните рекорди поставени од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. Меѓу нив се Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе, Џуд Белингем, Хари Кејн, Родри, Мајкл Олисе и Унаи Симон.

Селекторот на Курасао, Дик Адвокат, на возраст од 78 години и 271 ден, стана најстариот тренер што предводел национален тим на натпревар од Светското првенство.

Англичаните Џуд Белингем и Хари Кејн, како и француското дуо Усман Дембеле и Килијан Мбапе, станаа првите соиграчи кои постигнале по шест гола на едно Светско првенство.

Францускиот селектор Дидие Дешамп стана тренерот со најмногу натпревари на светските првенства (26), а воедно и тренерот со најмногу победи на овие турнири.

Килијан Мбапе го заврши Светското првенство како најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето со вкупно 22 гола, еден повеќе од Лионел Меси.

Лионел Меси стана фудбалерот со најмногу победи на Светското првенство (23) и првиот играч што постигнал гол на девет последователни настапи на овој турнир.

Аргентинецот исто така стана рекордер по бројот на голови постигнати надвор од шеснаесетникот на светските првенства (7).

Шпанскиот играч за врска Родри постави нов рекорд со дури 790 успешни додавања на едно Светско првенство, надминувајќи го сопствениот рекорд од Катар 2022 година.

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер што постигнал голови на дури шест различни светски првенства.

Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе забележа седум асистенции, што е најмногу на едно Светско првенство во историјата.

Шпанскиот голман Унаи Симон одигра дури седум натпревари без примен гол, подвиг што никој претходно не го постигнал на едно Светско првенство.

Во текот на целиот турнир, Шпанија прими само еден гол, што е најмалку од сите светски шампиони во историјата на натпреварувањето.

Елој Ром (Курасао) го израмни рекордот од 16 одбрани на еден натпревар од Светското првенство.

Јохан Манзамби стана најмладиот фудбалер што постигнал два гола на еден натпревар од Светското првенство влегувајќи од клупата за резерви.

Би можело да ве интересира

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он

ВИДЕО: Хаос во Аргентина по поразот во финалето, најмалку 15 уапсени

ВИДЕО: Не ги сака Шпанците, ама Трамп не можеа да го тргнат од бината при прославата на титулата