Кривична за двајца скопјани осомничени за полов напад и силување

Од:

Кривична пријава е поднесена против двајца скопјани за сторено кривично дело „полов напад и силување“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– СВР – Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик – информираа од МВР.

Тие се осомничени дека со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба.

– Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје. Тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка времено одземање на патната исправа – појаснија од МВР.

Би можело да ве интересира

Приведен е 42 годишен гостиварец – ја нападна сопругата

А1он

Почина жител на Миладиновци – падна од тераса

А1он

Изминатиот викенд приведени се 64 возачи за безобѕирно возење

А1он

Полициска акција – пронајдена е дрога кај 15 луѓе

А1он

Кривична против тројца скопјани за нападот врз 14-годишник во Ченто

А1он

Шест пријави за семејно насилство, еден уапсен

А1он