Проклетството на Африка на Светското првенство 2026

Од:

Африканските репрезентации доживеаја исклучително болен крај на Светското првенство 2026, бидејќи сите беа елиминирани со гол примен во самиот финиш на натпреварот или во продолженијата.

Ситуацијата беше особено драматична за Сенегал, кој беше елиминиран практично во последните мигови од продолженијата, додека Јужна Африка и Египет останаа без четвртфинале поради голови примени во судиското надополнување.

Најсвежи се раните на Египќаните, кои имаа огромна предност од два гола (2:0) против Аргентина сè до 79-тата минута. Од тој момент па сè до втората минута од судиското надополнување, тие примија дури три гола.

Нешто помалку драматично поминаа фудбалерите на Зеленортските Острови против истиот ривал.

Кога испаднаа африканските претставници?

Јужноафриканска Република – 91. минута
Брег на Слоновата Коска – 86. минута
Република Конго – 86. минута
Сенегал – 125. минута
Зеленортски Острови – 111. минута
Египет – 92. минута

Оваа статистика најдобро покажува колку малку им недостигаше на африканските селекции за да постигнат историски резултат, но речиси сите останаа без пласман меѓу најдобрите осум во моменти кога целта им беше на дофат.

Само Мароко остана да ја брани честа на Африка. Иако, мора да се признае, главно со играчи кои не се родени, ниту пораснале или фудбалски се школувале на нејзино тло.

Би можело да ве интересира

Мурињо удри по ФИФА: Ова е грабеж, срам за светскиот фудбал!

А1он

Швајцарија ја победи Колумбија на пенали

Нереален пресврт за „гаучосите“: Аргентина го победи Египет во драматичен натпревар и се пласираше во четвртфиналето

Горан Наумовски

ВИДЕО: Белгијците славеа со „танцот на Трамп“ и им фатија сеир на Американците

Бруталната порака на Белгија откако ги демолираа САД: „Поништете го ова“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Балогун не им помогна на Американците, Белгија славеше убедливо