Зеленортските Острови го завршија својот настап на Светското првенство по тесниот пораз од Аргентина во продолженијата, а искусниот голман Возиња изјави дека неговиот тим може да биде горд на сè што постигнаa на турнирот. По регуларните 90 минути, натпреварот заврши со резултат 1:1.
Иако не успеаја да приредат ново изненадување, планетарната сензација на ова Светско првенство, популарно наречени „Сини ајкули“, пружија силен отпор на актуелните светски шампиони и се простија од натпреварувањето по еден многу неизвесен и борбен натпревар.
По натпреварот, Возиња не го криеше разочарувањето од елиминацијата, но истакна дека тој и неговите соиграчи имаат многу причини за задоволство.
„Игравме рамноправно. Направивме сè што е во наша моќ за да победиме, но не успеавме. Разочарани сме од исходот, но истовремено имаме многу причини да бидеме задоволни и горди на оваа игра, како и на сè што постигнавме на Светското првенство“, рече Возиња.
Четириесетгодишниот голман нагласи дека неговата репрезентација достојно ја претстави земјата и покажа дека може да се натпреварува со најголемите светски селекции.
„Достојно ги претставивме Зеленортските Острови пред целиот свет. Игравме сосема рамноправно против Аргентина“, изјави Возиња.
