(Видео) Фрчкоски: Мицкоски го унапреди осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

Од:

Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата. Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните. Газдата останува ист, Христијан Мицкоски. Антикорупцискиот тим постојано се бори и го разобличува криминалното владеење. Денеска ќе покажеме што значи за Мицкоски „доброто владеење“, рече денеска на прес-конференција Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

Тој вели „За ресорот „добро владеење“ Мицкоски го планирал Димитар Димовски. А кој е Димитар Димовски? Долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите. Прво Мицкоски го постави до себе во Владата како секретар за јавни политики, сега го унапредува. Неговата сопруга, Ефимија Димовска, Мицкоски ја постави во Развојната банка, институција што одлучува за кредитни линии, финансирање и енергетски проекти иако има фирма која е поврзана со енергетика. Но, освен бизнис партнер на Мицкоски и дел од бизнис мрежата, Димитар Димовски е и условно осуден во случајот „Топлик“ за продажбата на државно земјиште во „Сончев град“ во Сопиште. Бил и меѓу обвинетите и за случајот „Шпански скали“, поврзан со „Скопје 2014“.

„Како може лице условно осудено за злоупотреби, бизнис партнер на Мицкоски да биде задолжено за добро владеење, борба против корупцијата, судир на интереси? Со криминална организирана група на власт можно е. Во ниту една нормална демократска и европска земја ова не е можно. Ова е врв на политичкиот цинизам и потврда на се што досега говориме: Цела влада е ставена во функција на бизнис интересите на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ. Владата е претворена во приватна фирма, партиски ДООЕЛ во која најважни се бизнис партнерите, кумовите и блиските луѓе на Мицкоски“ рече Фрчкоски.

„Кога човек условно осуден за злоупотреби и бизнис партнер на Мицкоски се бира за „доброто владеење“, тогаш станува јасно дека под оваа власт корупцијата наградува“ дециден е Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место