Трамп за богатството неговото семејство: Моите деца имаат инсајдерски информации!

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е под зголемен притисок од јавноста поради огромното збогатување на неговото семејство за време на неговиот претседателски мандат.

Финансискиот извештај на Доналд Трамп неодамна откри дека тој има повеќе од 21.000 инвестициски трансакции зад себе. Неодамна објавените бројки за приходите покажуваат дека Трамп заработи повеќе од 1 милијарда долари во 2025 година само од криптовалути преку удели во компании во сопственост на семејството Трамп.

Во разговор за CNBC, претседателот ги бранеше деловните зделки на своето семејство, тврдејќи дека речиси секоја инвестиција што ја прават неговите деца сега е контаминирана од неговата политичка моќ.

„На некој начин, ми е жал за моите деца… Што и да прават, бидејќи претседателството е толку моќно, толку големо… Ако купат компанија што произведува колачиња, разговорот веднаш започнува за енергијата потребна за нивно производство, како на пример: „Која е мојата енергетска политика?“ И сега имате конфликт на интереси“, рече Трамп.

Потоа ја примени истата логика и за купување возило.

„Скоро сè што прават, ако сакаат да купат камион… Ако купат енергетски ефикасен камион, тие имаат инсајдерси информации“.

Трамп пријави дури 2,2 милијарди долари приход во својот финансиски извештај за 2025 година, што е повеќе отколку што заработил во целиот свој прв четиригодишен мандат заедно. Таа бројка, исто така, е тројна од 622 милиони долари што ги пријави во 2024 година, пред да се врати во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха

А1он

Инфантино: Трамп и јас заедно ќе му го доделиме трофејот на победникот на Светското првенство 2026

А1он

Трамп тврди дека Иран се согласи на нуклеарни инспекции – Техеран негира

А1он

Макрон за договорот меѓу Иран и САД: Не верувам дека војната е целосно завршена!

А1он

Трамп: САД ќе го бомбардираат Иран ако не се постигне конечен договор во рок од 60 дена

А1он

Нова шлаканица за Нетанјаху: Америка го отфрли барањето на Израел да го види меморандумот со Иран