„Џентлменски“ договор на Нагелсман со Германскиот фудбалски сојуз – ќе наплати 7 милиони евра за заминувањето

Од:

Сега е официјално – Јулијан Нагелсман повеќе не е селектор на германската фудбалска репрезентација; ова е епилогот од неколкудневното размислување по катастрофалната елиминација од Светското првенство на почетокот на оваа недела.

Веста за заминувањето на Нагелсман од Германија, објавена вчера попладне, беше потврдена на официјалната веб-страница на фудбалска организација на земјата, при што беше упатена искрена благодарност до младиот стручњак за неговата посветена работа.

Општата атмосфера околу разделбата во ниту еден момент не навестуваше поинаков исход; единственото прашање беше како таа ќе се спроведе, имајќи предвид дека Нагелсман имаше договор до летото 2028 година.

Сепак, страните постигнаа компромис наместо да дојде до едностран отказ, па така Нагелсман ќе добие отпремнина од 7 милиони евра, што е еднакво на неговата годишна плата.

Овој договор може да се смета за „џентлменски“, бидејќи тој имаше договор до летото 2028 година, врз основа на кој му следуваше двојно поголема сума.

Со заминувањето на Нагелсман, Германците се вртат кон избор на нов селектор, а тоа би требало да биде Јирген Клоп, што е и желба на сите љубители на фудбалот во земјата.

Преговорите би требало да започнат наскоро, бидејќи нема многу време за чекање, со оглед на тоа што новиот циклус од Лигата на нации започнува во септември годинава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шок: Сензорот и влакната од косата на Матановиќ ја испратија Хрватска дома

ВИДЕО: Португалците по неверојатна драма и пресврт ја елиминираа Хрватска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Босна испадна, Белгија и Сенегал го одиграа најлудиот натпревар на СП

ВИДЕО: Франција продолжува моќно, Мексико е во осминафиналето на СП 2026

ВИДЕО: Германија и Холандија елиминирани, Парагвај и Мароко се меѓу 16 најдобри на Светско

Катерина Ѓуровски

Самураите се бореа, но не издржаа – Мартинели е херојот на Бразил

А1он