Истражниот судија на Вишиот антикорупциски суд на Украина денес го отфрли барањето на одбраната на поранешниот шеф на Кабинетот на претседателот на Украина Андриј Јермак за промена на безбедносната мерка, односно за укинување на обврската за носење електронска алка на нога, пренесува украински Интерфакс.
Во соопштението објавено на Телеграм каналот на украинскиот Виш антикорупциски суд не се споменува името на поранешниот функционер, но, како што забележува Интерфакс, околностите на случајот укажуваат дека станува збор за Јермак, кој беше шеф на Кабинетот на претседателот на Украина од 2020 до 2025 година, а потоа ја продолжи својата адвокатска пракса.
Јермак е осомничен за кривично дело легализација на имот стекнат преку криминална активност согласно член 209, став 3 од Кривичниот законик на Украина.
