Неколку лица се тешко повредени во пад на балон во Невада

Од:

Неколку лица се сериозно повредени во пад на балон на топол воздух во јужна Невада, соопштија денес локалните власти.

Според Федералната администрација за воздухопловство на САД, на балонот на топол воздух имало десет лица кога „силно слетал“ во Пархрамп, јужна Невада, објави ABC.

Канцеларијата на шерифот на округот Нај соопшти дека еден патник претрпел сериозна повреда на главата, неколку патници претрпеле изгореници од втор или трет степен, додека други претрпеле повреди од тап предмет.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Холандија: Се урна балон со 34 патници, едно лице загина, петмина се повредени

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер во Невада

Горан Наумовски