Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, одобри ублажување на смртните казни на 139 затвореници, по препорака на шефот на судството, Голам Хосеин Мохсени-Еџеи.
Портпаролот на судството, Али Асгар Џахангир, изјави дека одлуката е донесена „од хуманитарни причини и во согласност со исламските принципи на милост“, објави порталот „Прес ТВ“.
Според него, помилувањето не ги опфаќа лицата осудени за дела против националната безбедност, учество во немири и саботажи, како и лицата осудени за вооружен бунт, организирана трговија со дрога, вооружен грабеж, шверц со оружје, киднапирање, поткуп и проневера.
Џахангир истакна дека одлуката е донесена во време кога многу земји не даваат амнестија за време на војни и кризи.
Според иранскиот Устав, Врховниот лидер има овластување да помилува или да ги ублажи казните на осудените лица по препорака на шефот на судството.
