МВР информира дека доцна синоќа во 23:45 часот на патот помеѓу с. Шишево и с. Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с. Сарај и Р.С.(58) од с. Крушопек.
При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
