Трамп ги откажа нападите врз Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ги откажа планираните напади врз Иран, неколку часа откако се закани со нови бомбардирања и изрази желба да го „заземе“ островот Харг, важен центар за извоз на нафта.

„Врз основа на фактот дека разговорите со Исламската Република Иран се подигнати на највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав планираните напади и бомбардирања врз Иран вечерва“, напиша Трамп во објава на мрежата Truth Social.

Трамп рече дека „разговорите и последните точки“ биле одобрени од САД, Израел, Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други.

„Поморската блокада ќе остане во полна сила додека не се финализира овој договор – времето и местото на потпишување ќе бидат објавени наскоро“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Иран собори наш хеликоптер, одговорот на САД е неизбежен

А1он

(ВИДЕО) Иран лансираше ракета кон американските бази

А1он

САД и Иран со нови напади во Заливот, прекинот на огнот на нов тест

А1он

Трамп: Му реков на Биби дека е луд. Нетанјаху: Потполно сме усогласени

А1он

Трамп за новиот потег на Иран: Tие се подобри преговарачи од борци

А1он

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормутскиот теснец

А1он