МВР: Пет пријави за семејно насилство, двајца уапсени

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека во саботата околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода.

Синоќа во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека истиот ден околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34).

Денеска, пак, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Б.(46) од Битола затоа што во семејниот дом во битолско физички ја нападнал неговата сопруга.

Од МВР објавија дека вчера во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(31) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.

Во ОВР Струга вчера е извршен службен разговор со В.С.(40) од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син.

Додека, пак, рано утринава во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа.

По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул. „Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С..

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсени се осум возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен е 43 годишник од скопско Шишево – пукал кон соселанец

А1он

Уапсен е пијан велешанец – се однесувал непристојно во здравствена установа

А1он

Пијан тетовец (22) со гасен пиштол се обиде да изврши разбојништво – уапсен е

А1он

Уапсени се патник и возач на автобус – пронајдени непријавени 34.965 евра

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он