Уапсен е 43 годишник од скопско Шишево – пукал кон соселанец

Од:

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда.

Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него.

Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото.

Полициските службеници по пријавата презеле мерки и го лишиле од слобода лицето Г.А..

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он